Белград: Бебе старо само неколку дена почина од Ковид-19

Од:

Во Србија денеска од инфекција со коронавирусот почина бебе старо само неколку дена, кое е најмладата жртва во земјата од почетокот на пандемијата.

Бебето од Крагуевац, чијашто мајка била позитивна на вирусот, се заразило уште во матката. Според лекарите, во првиот час по раѓањето, неговата состојба била добра, но по неколку часа развило температура, а потоа и сите симптоми на инфекцијата.

Директорката на Детската клиника во Белград соопшти дека бебето било жртва на цитокинска бура – ненадејно и тешко влошување на општата состојба предизвикано од реакција на имуниот систем, кое се јавува кај најтешките случаи на Ковид-19.

Здравствените власти велат дека смртта на новороденчето мора да биде силно предупредување до граѓаните на Србија околу последиците од ширењето на вирусот и за важноста на почитувањето на заштитните мерки.

Би можело да ве интересира

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи