Баша деманира дека албанската опозиција за своите активности има поддршка од Москва

Од:

Лидерот на најголемата албанска опозициска партија, Демократската (ДП), Љуљзим Баша ги отфрли информациите дека обединетата опозиција има поддршка од Москва за одлуката да се откаже од пратеничките мандати и масовните антивладини протести.

Гостувајќи во емисијата „Слободна зона“ на Клан телевизија, Баша рече дека оние што ги пласираат ваквите измислици се од времето на Енвер Хоџа.

– Ова е за хумор. Оваа пропаганда е потсетување на пропагандата на Енвер. Младите луѓе можеби не се сеќаваат. Кога ништо друго не се случувало бил измислуван надворешен непријател кој го поддржувал внатрешниот противник. И сега, во овој случај, оние кои го измислиле ова, ми се чини дека се од времето на Енвер, изјави Баша.

Тој додаде дека се смета за најевропски човек во Албанија.

– Што се однесува до Љуљзим Баша, што се однесува до мене, јас сум најпроевропскиот политичар што Албанија го има денес. Можеби утре ќе дојде некој друг проевропски повеќе од мене, но до денес, поголем европски политичар од мене нема. Еди Рама е оној кој ги дочекува руските олигарси во канцеларија, повторно го дочека Гунвор, нафтата на Албанија им ја даде на Русите. Путин, подобра инвестиција освен кај Еди Рама, нема, рече Баша.

Тој го обвини премиерот Рама за „уништување на демократијата во земјата, во идентичен стил како и регионалната агенда за поделба на Косово“.

– Вучиќ и Рама го прават тоа толку добро што нема потреба да се инвестира во кој било друг политички фактор. И, очигледно, нема потреба да се инвестира во Љуљзим Баша, кој во светски рамки е познат по своите европски и северноатлански ставови, обвини Баша.

Би можело да ве интересира

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он