Баросо: Не треба да им се заврти грбот на Земјите од Западен Балкан

Од:

Зборувајќи при претставувањето на постигнатото за време на грчкото претседателство со Европската унија, претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо предупреди да не им се „врти грбот“ на земјите од Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Претходно Жозе Мануел Баросо, чиј мандат е на крај, потсети дека во 2004 година ЕУ броеше 15 земји членки, денес десет години подоцна тие се двојно повеќе – 28 земји членки.

Претседателот на Европската комисија посебно инсистираше дека проширувањето и обединувањето на европскиот континент е едно од „најголемите и исклучително достигнување на ЕУ“.

– Ќе биде голема грешка зако им го свртиме грбот на земјите од Западен Балкан. Ќе биде грешка ако ги затвориме нашите граници. Го видово напредокот во овие земји, како при мојата последна посета на Албанија, затоа не треба да им го вртиме грбот и да се затвориме, порача од Стразбур Баросо.

Притоа тој нагласи дека треба да се испочитува договорот со земјите од Западен Балкан, бидејќи спротивното ќе биде неодговорно, но овие земји треба претходно да ги исполнат условите.

Инаку грчкиот премиер Андонис Самарас во својот биланс како постигнувања ги престави напреодокот на Албанија и Србија, споменувајќи ја Турција, заборавајќи ја Македонија. Инаку дебатата наликуваше на внатрешно политичка пресметка на грчкиот Парламент, отколку на европскиот, во која многу грчки европратеници од опозицијата ја критикуваа политиката на Самарас и на ЕУ во Грција.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он