Бандиќ: Ако Хрватите во БиХ не се рамноправни со останатите два народа, подобро секој да живее сам за себе

Од:

Положбата на Хрватите во БиХ треба да се подобри, за да можат тие да ги избираат своите претставници на власта, а ако не е можно да се обезбеди рамноправност за нив со останатите два народа тогаш е подобро секој да живее сам за себе, изјави градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.

– Положбата на Хрватите во БиХ и развојот на босанската држава треба да бидат од стратешки интерес за Хрватска. Хрватите треба да ги имаат истите права како и босанските муслимани и Срби, да бидат државотворен народ, кој сам ќе ги избира своите претставници. Ако тоа не можат да го направат тогаш подобро е секој да живее за себе си, истакна Бандиќ.

Тој нагласи дека БиХ не може да се нарече демократска земја, ако Хрватите кои живеат во неа не се рамноправни со Србите и муслиманите, и ги повикабосанските политичари да го изменат Уставот.

Согласно Дејтонскиот договор, со кој се стави крај на војната во БиХ во 90-тите години, државата е поделена на два составни дела: Хрватско-муслиманска федерација и Република Српска.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска