Бамие: Информации со години истекуваа од ЕУЛЕКС

Од:

Суспендираната обвинителка на ЕУЛЕКС Марија Бамие изјави дека уште во 2012 година почнала да се сомнева дека во мисијата се случуваат работи, кои укажувале на корупција.

Бамие нагласи дека за се го информирала официјален Брисел, но истрага не била покрената, туку напротив било сторено се за да не се истражат нејзините тврдења.

– Се жалев во Брисел. Да, го сторив тоа но тие ме игнорираа. Офицерот на канцеларијата на цивилниот командант во Брисел во 2012 година беше и шеф на персоналот и тој беше запознат со моите сознанија за корупција, но не стори ништо, рече Бамие во интервју за РТК2.

Иако секојдневно од ЕУЛЕКС истекуваа доверливи информации, таа смета дека е неправедно поврзана со сето тоа, бидејќи таа не ги оддавала доверливите информации, а на јавноста и се обратила за да се одбрани од тие тврдења.

– Јас сум суспендирана без ниту еден факт дека сум оддала каква било информација. Мојот шеф имаше пристап до доверливите документи, информациите истекоа, а истрагата не е спроведена, додаде таа.

Бамие тврди дека одредени припадници на ЕУЛЕКС имале блиска соработка со политичката елита на Косово, а според неа информации им се давани и на српските тајни служби.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица