Балканот не се смирува: Нов земјотрес ја погоди Албанија, неколку часа подоцна потреси и во БиХ

Од:

Неколку земјотреси повторно ги погодија земјите на Балканот, ноќта помеѓу 30 ноември и 1 декември. Имено, два земјотреса со јачина од 4.3 степени по Рихтер и 2.9 степени беа почувствувани во Босна и Херцеговина, утрово нешто по 4 часот, а во вчерашниот најјак Албанија беше 4.5.

Епицентарот во БиХ беше во подрачјето Невестиња, на длабочина од околу 10 километри, соопштува Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Иако по јачината не е опасен, овој краткотраен земјотрес беше почувствуван и во Црна Гора, Далмација, Мостар и Сараево.

Жителите на Невестиња сведочат дека земјотресот ги уплашил, дека се се тресело, а по него следел и пократок и послаб потрес.

Вториот беше со епицентар 56 километри од Сараево.

Земјотрес и во Албанија

Европскиот сеизмолошки завод соопшти дека епицентарот на новиот земјотрес во Албанија бил на 42 километри северозападно од Тирана и 23 километри од Драч.

Овој потрес бил со најголема јачина во вчерашниот ден.

Во текот на денот беа регистрирани повеќе земјотреси со магнитуда помала од 3 степени.

Во разорниот земјотрес на 26-ти ноември загинаа 51 лице.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он