Резултатите од истражувањето на Галуп за 2012 година покажуваат дека само околу четири отсто од жителите се сметаат себеси за атеисти, што значи дека Балканот е меѓу најрелигиозните делови на светот.
Според ова истражување, атеисти се сметаат околу 13 проценти од вкупната светска популација.
Најрелигиозни во светот, според истражувањето, се жителите на Авганистан, Ирак, Гана, Нигерија и Ерменија, каде девет од десет лица се сметаат за религиозни.
Во истражувањето на Галуп за 2012 година, кое го тематизираше нивото на религиозност во светот, учествуваа 50.000 лица од 40 држави.