Бајден во посета на Турција

Од:

Американскиот потпретседател Џо Бајден ќе допатува денеска во Турција, како последен од групата американски функционери, кои се обидоа да ја убедат Турција да ја зајакне својата улога во рамки на меѓународната коалиција, предводена од САД во борбата против џихадистите од групацијата Исламска држава.

Бајден пристигнува во посетата неколку недели од јавниот судир меѓу САД и Турција, кои се сојузнички на НАТО.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердогн инстистира на тоа дека доколку САД ја сакаат неговата помош, тогаш треба помалку да се фокусираат на борбата против ИД, а повеќе на соборување на режимот на сирискиот претседателот Башар ал Асад.

Ердоган бара да се воспостави безбедносна зона во северна Сирија, со цел да им се овозможи на умерените борци да ги напаѓаат силите на Асад.

Турција вети дека ќе ги обучува и опреми умерените сириски борци на своја територија, но деталите не се соопштени.

САД меѓутоа не сакаат војна против Асад и не сакат да воведат зона забранета за летање над Сирија за сириските воздухопловни сили.

Меѓународната коалиција би сакала да ја користи турската воено воздухоплова база Инџирлик за воени операции против џихадистите на ИД, но Турција се уште не донеска одлука за тоа.

Бајден планирано е денеска да се состане со турскиот премиер Ахмет Давутоглу, а утре ќе има разговори со Ердоган.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак