Бајак: ПКК има за цел курдскиот конфликт да се разреши со политички средства

Од:

Курдската работничка партија (ПКК) има за цел курдскиот конфликт да се разреши со политички, а не со воени средства и од турската Влада очекува „убедливи чекори“ за ова прашање, изјави еден од шефовите на ПКК, Џемил Бајак, цитиран од турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

– Ако Турција преземе конкретни чекори, ние сме подготвени уште денеска да ја прекинеме вооружената борба. Тоа го кажувавме многу пати. Сметаме дека курдскиот конфликт може да се надмине политички, а не со вооружена борба, посочи вчера Бајак во интервју за сајтот Денге ТВ.

Бајак, исто така, изјави „да се бара од Курдите да го остават оружјето, на одгласите за продолжените напади врз Курдите на Блискиот исток, за нив значи смрт”.

Тој подвлече дека „оставањето на оружјето“ и „прекинот на вооружените судири“ се две различни работи.

-Курдите не сакаат повеќе да водат вооружена борба, туку сакаат нивните проблеми да бидат надминати на демократски начин, додаде Бајак.

Курдскиот лидер Абдула Оџалан, кој се наоѓа во затвор, на 21 март (на курдската Нова Година- Невруз) го повтори повикот за завршување на курдската вооружена борба, почната уште во 1984 година против турските власти. Во пораката, што беше прочитана пред повеќе од 200. 000 луѓе во Дијарбекир, град во југоисточна Турција, Оџалан повика да се организира конгрес на ПКК „за да заврши вооружената борба“.

На крајот на 2012 година турските власти почнаа преговори со Оџалан со цел да се стави крај на курдскиот конфликт,што досега го однесе животот на над 40.000 лица.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски