Б92 објави анализа на пропаднатата зделка на контроверзниот бизнисмен Субрата Рој со македонската влада под наслов „Македонците наседнаа, добро е што ние не наседнавме“.
Не стигна ниту една од 20-те илјади крави, нема вработувања, нема ниту огласи за вработување, а нема ниту каква било информација за тоа кога ќе почне спроведувањето на мега инвестицискиот план тежок 200 милиони евра на индиската компанија Сахара.
Субрата Рој во моментов се наоѓа во Индија, а уапсен е по налог на Врховниот суд на Индија под обвинение дека го избегнувал судењето за измама тешка 4 милијарди долари. Надлежните од владата на Никола Груевски, го претставуваа Рој како човек кој ќе има пресудна улога на стопанското оживување на подзаостанатата економија на Македонија.
За 5 милиони евра, Рој го купи хотелот „Славија“ во Охрид, а најави и изградба на спомен обележје во чест на Мајка Тереза на подарениот плац во центарот на Скопје. Да потсетиме: индискиот бизнисмен најави дека оваа година ќе ја посети Србија за да ги процени можностите за инвестирање во српското стопанство“, објави Б92.