Автобус управуван од Македонец остана без покрив откако се обиде да помине под мост во Пловдив. Како што информира TrafficNews.bg, инцидентот бил под мостот УФТ на булеварот Марица-Југ.
За среќа, нема повредени во инцидентот. Во возилото биле само двајца возачи кои биле Македонци и поминале без повреди. Полициски тим е на терен, а движењето во сообраќајот не е нарушено.
-Инцидентот се случи околу 7 часот утринава. Се слушна многу силен звук. Возачот не ја проценил висината на мостот, изјави очевидец.
Првично, автобусот беше заглавен под мостот. Откако пристигна полицијата, еден од возачите го помести автобусот и немало потреба од помош. Мостот е оштетен, а според очевидци, во моментов е опасно за автомобилите кои поминуваат под него.