Австрискиот министер за внатрешни работи повторно во посета на Балканот

Од:

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер оваа година вторпат ќе ги посети земјите од Западен Балкан, а утре и в среда ќе оствари средби со колегите во Албанија, Црна Гора и Косово.

Тема на средбите ќе биде борбата против илегалната миграција.

Во фокусот на разговорите ќе биде и „Платформата против илегалната миграција“, иницирана минатото лето.

Според Министерството во Виена, Нехамер ќе ги посети и австриските полицајци кои се во мисијата Фронтекс во тие земји.

Заедно со Нехамер на балканската турнеја ќе патува и генералниот директор за јавна безбедност, Франц Руф, така што тема на разговорите ќе биде и борбата против организираниот криминал и тероризмот.

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ