Министерката за надворешни работи на Австријам Карин Кнајсел денеска ја почнува балканската турнеја, во рамки на која ќе ги посети Косово, Македонија и Србија.
Според најавите, таа прво ќе замине во посета на околу 440 припадници на австриската војска во составот на КФОР, по што ќе има средба со нејзиниот косовски колега Беџет Пацоли, а вечер и со лидерите на косовската опозиција.
Утре ќе допатува во посета на Скопје, каде ќе се сретне со државниот врв на Македонија, а во среда ќе престојува во Белград, каде ќе има средба со претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана брнабиќ, шефот на допломатијата Ивица Дачиќ и министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ.