Аврамопулос одби да каже зошто не го поддржува Преспанскиот договор

Од:

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, одби да одговори на прашањето на дописничката на МИА од Брисел зошто не го поддржува Преспанскиот договор.

Дeн пред гласањето за Преспанскиот договор во грчкиот Парламент, еврокомесарот за миграција, кој е од редовите на Нова Демократија, изјави дека не ја поддржува оваа спогодба помеѓу двете земји, и покрај силната поддршка на неговата институција.

Ставот на Аврамопулос тогаш предизвика бурни реакции во Брисел, но и во Атина. Европските дописници во Брисел бараа јасни одговори од Европската комисија дали е прифатлив ставот на комесарот и дали ќе добие некаква опомена. Портпаролот на ЕК одби да даде одговор.

Денеска МИА му го постави директно прашањето на Аврамопулос, за време на прес конференција со црногорскиот министер за внатрешни работи во седиштето на ЕК, но Аврамопулос избегна да одговори.

МИА го праша комесарот дали сѐ уште стои на истиот став против договорот и дали може да образложи зошто е против.

„Дали вашето прашање е во врска со Црна Гора?“, праша Аврамопулос прво.

„Кога ќе зборуваме на таа тема ќе се вратиме на тоа повторно. Мојата позиција е јасна, јасна е и позицијата на Европската Комисија, така што нема сега за што да се дискутира. Да се надеваме на најдобро на регионот и на сите земји од регионот“, додаде тој.

Европската Комисија не го осуди ставот на Аврамопулос, но веднаш по неговата изјава повтори дека јасно продолжува да го поддржува Преспанскиот Договор и дека станува за негов индивидуален став.

Иако мнозинството одлуки на колеџот на комесари се едногласни, еднаш во минатото имало сличен случај кога комесар имал одвоено мислење од другите колеги.

Би можело да ве интересира

И поранешниот еврокомесар Димитрис Аврамопулос вмешан во аферата Катаргејт

Димитров за „Ефимерида тон синдактон”: Свртивме страница, но е бела и сега треба да ја испишеме

Урсула фон дер Лајен: Грција и Македонија дадоа светол пример за тоа што значи Европа

Ципрас: Договорот од Преспа беше тежок, но исто времено и важен и неопходен договор

Силјановска: Заевизмот со потпишување на Преспанскиот договор ја избриша поделбата на власта на извршна, судска и законодавна

Рикер: Политиката што САД ја спроведува на Балканот се поклопува со интересите и аспирациите на земјите