И поранешниот еврокомесар Димитрис Аврамопулос вмешан во аферата Катаргејт

Од:

Димитрис Аврамопулос, еден од кандидатите за специјален претставник на Европската унија во Заливот, призна дека добил 60.000 евра од организацијата „Борба против неказнивоста“.

Бриселската невладина организација „Борба против неказнивоста“ стана плодна почва за оние кои треба да бидат казнети. Откриената корупција во Европскиот парламент, како што покажуваат доказите што ги објави бриселскиот портал „Политико“, беше широко распространета не само меѓу европските парламентарци, туку и меѓу високите функционери.

Според истрагите спроведени во повеќе земји, со оваа агенција е поврзан и поранешниот комесар за миграција Димитрис Аврамопулос. Според неговото признание во понеделникот, невладината организација во центарот на корупцискиот скандал во Брисел во периодот од февруари 2021 до февруари годинава, му платила 60.000 евра.

Станува збор за агенцијата „Inside Fight Impunity“ – „Борба против неказнивоста“, која е срцето на „Катаргајт“.

Би можело да ве интересира

Аврамопулос одби да каже зошто не го поддржува Преспанскиот договор