Атлантски совет: Документите потпишани од Косово и Србија во Белата куќа се дел од поширок историски процес

Од:

Документите потпишани од Косово и Србија во Белата куќа треба да се гледаат како дел од поширок историски процес што се решава, оцени во денешното интервју за Радио Слободна Европа, потпретседателот на Атлантскиот совет, Дејмон Вилсон.

Според него, во продолжение на процесот треба да има заедничка посветеност на САД и Европската унија за обезбедување поддршка, но и да извршат притисок врз обете страни за имплементација на да постигнатите договори.

Договорите кои минатата недела во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп ги потпишаа српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти за Вилсон се „знак за добар напредок“.

– Не, ова не беше сеопфатен договор, никако, но мислам дека ова е дел од поголем процес што е дополнителен чекор во работењето на САД со двете страни заради носење одлуки што се од нивен заеднички интерес. Ова е економски ориентирано, но секако, тоа зависи и од политиката, рече Вилсон.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија