Атина предлага германско – грчка комисија за репарациите од втората светска војна

Од:

Германското министество за надворешни работи доцна вчеравечер објави изјава на министерот Франк – Валтер Штајнмаер за средбата со грчкиот колега Коциас во која тој признава дека има проблеми меѓу двете земји и дека тие треба да бидат надминати.

„Не смееме да дозволиме несомнено големите и тешки прашања кои што мораме да ги решиме заедно да  ја  загрозат цврстата основа на германско – грчките односи“, се вели во изјавата на Штајнмаер според кого мора да се зајакне меѓусебното разбирање и не смее да се дозволи големиот потенцијал во соработката меѓу двете земји да биде неискористен.

„Се договоривме заедно да ги разгледаме билатералните односи меѓу Германија и Грција и да разговараме за нивниот понатамошниот развој во иднина“  се вели во изјавата на Штајнмаер по корисната официјална вечера на која што двајцата министри го подготвувале теренот за денешната средба меѓу Меркел и Ципрас.

Грчкиот министер Коциас во изјава за Дојче Веле рекол дека со својот домаќин разговарале за долгото пријателство и заеднички интереси а според него најважно е што „двајцата се обиделе да ги разберат позициите и да ги надминат стереотипите кои што постојата на двете страни“.

„Грција има за цел прашањето за воените репарации да биде надминато со политички наместо со правни мерки“ изјавил Коциас за весникот „Зидојче Цајтунг“. Коциас на средбата предложил формирање на совет на експерти од двете земји за се надмине спорот меѓу двете земји околу репарациите.

Според анализите на европските институции Грција има уште само 15 дена да постигне договор со кредиторите меѓу кои најголем е Германија за дојде до свежи пари и да избегне државен банкрот.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија