Апсења во БиХ поради трговија со луѓе

Од:

На територијата на БиХ денеска се уапсени 17 лица, кои се осомничени дека бил дел од синџирот кој организирал трговија со луѓе, потврди босанската гранична полиција.

Акцијата под име „Кашмир“ во раните утрински часови е спроведена по налог на судот на БиХ на подрачјето на Бијелина, Зворник, Пале и Велика Кладуша, при што се претресени 14 локации.

Во истрагата за овој случај била вклучена и словенечката полиција.

Уапсените, кои се товарат и за организиран криминал, ќе му бидат предадени на Обвинителството на БиХ.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина