Само 19 отсто Турци имаат симпатии спрема САД додека 73 отсто не ја сакаат таа држава, се вели во резултати од анкета на Пју Рисрч.
Анкетата покажува дека 86 отсто од Турците немаат никакви симпатии спрема Израел, а само два отсто се со спротивен став.
На второ место е Иран со неодобрување од 75 отсто, а САД и Русија се на третото место со по 73 отсто негативно настроени анкетирани.
Најмногу е почитувана Саудиска Арабија – од 26 отсто анкетирани Турци.
Во анкетата се вели дека 70 отсто Турци немаат симпатии спрема НАТО, а 66 отсто не ги сакаат ЕУ. Независно од тоа, 53 отсто сакаат државата да велзе во Унијата.