Според посленото испитување на Центарот за безбедносна политика, 47 насто од Србите го поддржуваат влезот на Србија во ЕУ, што е за 12 проценти помалку од минатата година. Според истото истражување, за влез во НАТО се само 13, 6 проценти од жителите на оваа земја, додека на влезот во Алијансата се противат дури 65 проценти, а 21, 4 немаат став.
Најмногу противници за евроинтеграцијата има кај младата популација, посебно жителите на Белград.
Граѓаните на возраст од 18 до 29 години се најизразито против членството во ЕУ, дури 41,4 насто, а во поглед на образовната структура повеќе за влез во Европската Унија се тие што имаат повисок степен на образование. Најголем дел од испитаниците се изјасниле дека земјата треба да ја задржи воената неутралност.