Анкара му одговори на Макрон: Помина времето кога Франција можеше да прави што сака во светот

Од:

Министерството за надворешни работи на Турција одговори на обвинувањата на францускиот претседател Емануел Макрон и порача дека „тие изјави се само одраз на личната слабост на Макрон и безнадежноста во која се наоѓа“, јави агенцијата Анадолија.

Макрон денеска, пред неформалниот самит на лидерите на јужните земји од ЕУ на Корзика, изјави дека Турција веќе не е европски партнер во источниот Медитеран, обвинувајќи ја земјата дека се впуштила во „неприфатливо однесување“ со гасните истражувања и „провокации“ во спорот со Грција и Кипар околу територијалните води.

– Францускиот претседател Макрон, по стар колонијалистички рефлекс, повторно арогантно даваше изјави и се обиде да држи лекции од висина. Всушност, неговите изјави се само одраз на неговата слабост и безнадежноста во која западна, се наведува во соопштението од турското МНР, во кое стои и дека „поминало времето во кое Франција можела да прави што сака низ целиот свет“.

– Макрон, чии валкани игри ги уништивме и ги спречивме сите итри надворешнополитички планови, сега гневно ја напаѓа Турција и нашиот претседател. Нашиот претседател е еден од лидерите кој на функција е избран со најголема поддршка од гласачите во Европа и тој секогаш сила црпеше од турскиот народ. Турскиот народ и Владата секогаш беа и ќе бидат единствени наспроти ваквите напади, стои во соопштението.

Според Анадолија, во соопштението се нагласува дека „Макрон не е човек кој може да одредува поморски граници на Медитеранот или во некој друг регион на светот“, и се додава дека „Франција би требало да биде поборник за дијалог и договори, а не да се занимава со слепата поддршка на Грција и Јужен Кипар кои со еднострани подбуцнувачки чекори ја направиле ЕУ заложник на нивните тесногради и кратковиди интереси“.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки