Ангелов: Бугарија може да ја повлече од употреба вакцината „Астра Зенека“

Од:

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, изјави дека вакцината „Астра Зенека“ ќе биде повлечена доколку интересот за неа во земјата целосно се намали.

Ангелов соопшти дека вакцините на оваа компанија ќе се чуваат во фрижидерите на компанијата „Булбио“ или во регионалните здравствени дирекции во Бугарија.

-Согласно договорите што Бугарија ги има со Европската комисија, ќе се одлучи што да се прави со нив, додаде Ангелов.

Министерот кажа дека има писмо од министерот за здравство на Португалија, во кое се вели дека, како паневропски пристап употребата на „АстраЗенека“ треба да биде ограничена само за лицата на возраст под 60 години.

За таа цел е одлучено да се побара од бугарските стручни совети, вклучувајќи и имунолози, експерти за заразни болести, кардиолози, да дадат итно мислење за тоа што треба да направи Бугарија. Според министерот Ангелов, тие ќе треба да одговорат на две важни прашања – што треба да се прави со бугарските граѓани кои веќе ја имаат примено првата доза и што треба да се направи со луѓето кои не сакаат да ја примат вакцината „АстраЗенека“ како втора доза доколку Бугарија одлучи да ја запре нејзината употреба на територијата на земјата.

Досега ниту една вакцина „АстраЗенека“ не е уништена или исфрлена во Бугарија.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки