Анджеј Дуда пристигнува во работна посета на Софија

Од:

Претседателот на Полска Анджеј Дуда денеска пристигнува во работна посета на Софија, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател Румен Радев.

Бугарскиот претседател Румен Радев пред една недела имаше телефонски разговор со полскиот шеф на државата кога разговараа за војната во Украина, за ризиците за регионот и за бранот бегалци.

Двајцата претседатели се согласија да добијат меѓународна поддршка од источноевропските земји за она што е направено за нивно сместување со храна и лекови.

За време на посетата на Дуда на Софија се очекува продлабочување на дијалогот на високо ниво меѓу Бугарија и Полска, како и билатералното партнерство меѓу нив во областите од заемен интерес и соработка во областа на одбраната, јави допписникот на МИА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ