Америка стои зад неуспешниот пуч во Турција, обвини министерот за полиција Сулејман Сојлу

Од:

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу денеска ги обвини САД дека стојат зад неуспешниот воен удар во Турција од 2016 година. Анкара го смета муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој е во азил во Америка, за одговорен за пропаднатиот пуч.

Сојлу од 2018 година е под санкции од Вашингтон поради апсењето и притворот за свештеникот Ендру Брансон, кој во Турција беше обвинет за шпионажа.

Првиот турски полицаец за весникот Хуриет изјави дека САД се обиделе да управуваат со воениот удар, а мрежата на Ѓулен го изведувала, додека Европа била „воодушевена по тој повод“.

– Многу е јасно дека САД стојат зад 15 јули. ФЕТО го изврши по нивна наредба, посочи Сојлу во необично острата изјава со која тој стана највисокиот официјален претставник на турската власт што директно го обвинил Вашингтон за пучот.

САД претходно негираа каква било вмешаност во неуспешниот воен удар. Вашингтон повеќепати ги одби барањата на Анкара за екстрадиција на Ѓулен, со образложение дека нема веродостојни докази за негова вмешаност.

И Ѓулен и неговата организација, за која Анкара ја користи кратенката ФЕТО, негираат вмешаност во неуспешниот воен удар од 15 јули 2016 година.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија