Американскиот амбасадор во Тирана Александар Арвизу денеска попладне престојуваше во посета на општина Пустец.
Како што потвруваат од општината американскиот дипломат бил средечно пречекан од граѓаните на Пустец, како и од претставниците на локалната власт.
На средбата со градоначалникот Едмонд Темелко, бил запознат со проблемите со кои се соочува општината, како и со условите кои ги нуди за развој на езерскиот туризам и напорите на локланата власт за подобрување на условите за живот на жителите.
Темелко кој е и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, единствената партија на Македонците во Албанија, го запознал и со проблемите кои ги тиштат Македонците во оваа земја, непризнавањето на статус на малцинство на целата територија на земјата, немањето образование на мајчин македонски јазик, посебно за децата во областите Гора и Голо Брдо, како и други прашања.
Тој посебно се задржал на недомана донесениот закон за територијлна поделба со кој единствено општина Пустец останува како локална единица, додека општините во Гора и Голо Брдо се укинуваат, што, како што нагласил Темелко, значи целосна асимилација на Македонците во овие области. Арвзиу ја посетил и црквата „Архангел Михаил“, која се наоѓа во центарот на Пустец.