Амбасадорката на БиХ во Италија, Зовко станува хрватска европратеничка

Од:

По формирањето на новата хрватска Влада, премиерот Андреј Пленковиќ и новиот министер за надворешни работи Давор Иво Стиер го напуштија Европскиот парламент, а меѓу оние кои треба да ги заменат е и амбасадорката на БиХ во Италија, Жељана Зовко.

Пленковиќ ќе го замени Ивица Толиќ, додека Давор Иво Стиер требаше да го замени Иван Тепеш, но бидејќи тој одлучи да не го прифати понудениот мандат следна на листата, која требаше да замине во ЕП е босанската амбасадорка во Италија, Жељана Зовко.

Зовко, која е родена во Мостар, кариерата ја минала во дипломатијата, јавуваат хрватските медиуми.

На заедничката листа на Патриотската коалиција на изборите за ЕП во 2014 година беше на деветтото место, како претставничка на дијаспората, а освои 2.392 гласови.

Зовко инаку е професорка по француски јазик, а во 1999 година почна да работи во Претседателството на БиХ, од 2004 до 2008 година беше амбасадорка на БиХ во Франција, а од 2008 до 2011 година беше амбасадорка во Шпанија. Потоа се врати во БиХ, каде работеше како советник за надворешна политика. Минатата година стана амбасадорка во Италија.

Би можело да ве интересира

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“