Амбасадорката Ким по апсењето за корупција на поранешен албански министер: Никој не е над законот

Од:

По апсењето на поранешниот албански министер за животна средина, Лефтер Кока, реагираше американската амбасадорка Јури Ким.

Таа на Твитер напиша дека „постапките на СПАК, посебно оваа недела, покажуваат дека никој не е над законот“.

-Може да делувате, но повеќе не можете да се криете од законот. Реформата во правосудството дава конкретни резултати, додава Ким.

Реагираше и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, кој рече дека „биле потврдени нивните обвинувањата“ со дадената пријава до Специјалното јавно обвинителство, СПАК, додавајќи дека зад Кока стојат други „поголеми риби“.

-Денеска е денот да се потсетиме дека ПД беше таа која во февруари 2018 година го започна овој процес. Денешното апсење докажува дека нашите обвинувања беаоправдани, дека нашите осуди беа основани. Но Лефтер Кока не е „големата риба“. Вистинските имиња зад аферата од 400 милиони евра се оние на Еди Рама, Дамјан Ѓикнури, Ерион Велиај, Клодијан Мертири, Арбен Ахметај и други сурогати, рече Баша.

Лефтер Кока денеска беше уапсен, по налог на СПАК, меѓу другото за злоупотреба на службената положба и корупција, за што обвинети се уште две лица, сопственици на фирми, но тие не и се достапни на полицијата. Доделувајќи им тендери, според албанските медиуми, тој од нив бил „награден“ со 3,6 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“