Амбасадорката Ким до Путин: Лажете за албански платеници во Украина за да го одвлечете вниманието од вистината

Од:

Амбасадорката на САД во Тирана, Јуриј Ким вечерва реагираше по изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека во Украина се борат албански платеници, пренесува Ора њуз.

Во објавата на социјалните мрежи, таа наведува дека ова се лаги создадени за да се создаде сомнеж и да се оттргне вниманието од вистината, притоа додавајќи дека Русија е вмешана во однапред смислен, неиспровоциран напад врз Украина.

– Руската кампања за дезинформации е многу голема. Тоа се лаги создадени за да се создаде сомнеж и да се оттргне вниманието од вистината, а тоа е дека Русија ја нападна Украина, дека Русија е вмешана во однапред смислен, неиспровоциран напад, неоправдан врз друга суверена нација, напиша Ким.

Пред неа, вечерва реагираше албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, која отфрлајќи ги информациите дека се упатуваат албански платеници во Украина рече дека „тоа е лага создадена од Москва“.

Според неа, Албанија стои до Украина и ќе продолжи да работи со сите сојузници и партнери за да помогне да се стави крај на руската агресија.

До сега единствено потврдено е дека поранешниот припадник на албанската армија, Емануел Базањи, кој по неколку години минати во пешадискиот баталјон, ја напуштил албанската армија и веќе две години е дел од војската на Украина. Тој тоа сам го потврди преку Скајп врска за Топ чанел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Путин призна дека размислува за наследник

Путин: Русија има сила успешно да ја заврши војната во Украина дури и без нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Украина е подготвена да премине на прекин на огнот што е можно поскоро