Амбасадор на Ватикан го посети Крагуевац

Од:

Амбасадорот на Ватикан, надбискупот Орландо Антонини вчера во Крагуевац се сретна со градоначалникот Верољуб Стевановиќ, по што ја посети компанијата „Фиат автомобили Србија“, Шумадиската епархија и Католичката црква.

Претставникот на Светата столица изјави дека како амбасадор на Ватикан сака да го запознае третиот град по значење во Србија и дека му е мило што дошол во град во кој гледа не само материјален развој туку и духовен.

-Јас сум Италијанец од Лаквил, град со кој Крагуевац има блиска соработка. Покрај тоа Католичката и Православната црква треба подобро да се запознаат. Слушнав дека во Крагуевац често или повремено претстојуваат околу 4.000 Италијани- изјави вчера при посетата на Крагуевац надбискупот Антонини.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац