Амбасадата на САД во Турција ги предупреди Американците на можни напади во Истанбул

Од:

Американската Амбасада во Турција денеска ги предупреди Американците за можни терористички напади врз цркви, синагоги и дипломатски претставништва во Истанбул, што е второ вакво нејзино предупредување во последните четири дена, особено по палењето на Куранот на неколку места во Европа.

Американската Амбасада предупреди на можни одмазднички терористички напади во областите на Истанбул каде што често има западни туристи, особено во областите Бејоглу, Галата, Таксим и Истиклал.

Неколку амбасади во Анкара, вклучително и на САД, Германија, Франција и Италија, во петокот издадоа предупредувања за можни напади на места за богослужба, по одделните инциденти во кои беа палени Курани во Шведска, Холандија и Данска.

Британските медиуми во саботата пренесоа дека Турција ги предупреди своите граѓани за можни „исламофобични, ксенофобични и расистички“ напади во САД и европските земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД