Амбасада на САД: Дејтонскиот договор не овозможува отцепување на ентитет

Од:

Амбасадата на САД во Сараево реагираше на изјавата на претседателот на Република Српска Милорад Додик дека РС сака да биде во заедница со Србија и потенцираше дека Дејтонскиот договор не дава можност за отцепување на некој ентитет.

„Какви било активности преземени со цел распаѓање на Босна и Херцеговина ќе претставуваат кршење на Дејтонскиот договор и се неприфатливи. Ние многу сериозно ја сфаќаме безбедноста и стабилноста на БиХ и посветени сме на нивно зачувување“, се наведува во соопштението на американската Амбасада.

Во соопштението се додава дека отцепување не е во согласност ниту со Уставот на БиХ.

„Ставот на САД по ова прашање е добро познат и непроменет. Ние сме посветени на принципите на Дејтонскиот договор – Босна и Херцеговина е демократска, мултиетничка, суверена и независна држава и нејзиниот територијател интегритет не се доведува во прашање“, се наведува во реакцијата од САД.

Би можело да ве интересира

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он

Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Горан Наумовски

Република Српска во вонредна состојба во очекување на пресудата за Додик

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он