Аманатидис: Позитивна разврската со црковниот аспект на македонското прашање

Од:

Црковниот аспект на проблемот се движи кон решение и ова е многу важна разврска што ќе има влијание врз решавање на македонското прашање, вели заменикот министер за надворешни работи Јанис Аманатидис во интервју за грчкото радио „Реал фм“.

– Постои една многу позитивна разврска, црковниот аспект на прашањето, што влезе со одлука на Светиот синод и со допис до премиерот. На кој премиерот одговори дека со прашањето ќе се справиме со должно внимание и одговорност, рече Аманатидис, потенцирајќи дека тоа е позитивен чекор и она „што го бараше грчката црква“.

Заменик шефот на грчката дипломатија, во однос на преговорите за името истакна дека она што е важно е дека постои политичка волја и од двете страни за да се реши проблемот, меѓутоа за сега не постои договор, бидејќи „ако не се договори сѐ, не постои нешто“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Тоа се збир прашања што ќе бидат затворени како пакет. Од друга страна, временскиот рок и чекорите се друга работа, но не е сечкање на делови на решението, во смисла дека сега се решава името, потоа друго прашање, па друго. Ќе има комплетен договор и никакво сечкање, вели Аманатидис.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција