Албанските студенти бараат од владата финансиска поддршка од 100 евра месечно, нивните професори повисоки плати

Од:

Студентите во Албанија почнаа онлајн петиција со која од премиерот Еди Рама и министерката за образование Евис Куши бараат финансиска поддршка од 100 евра месечно.

Албанските студенти бараат од владата финансиска поддршка од 100 евра месечно.

Во пресрет на почетокот на новата академска година, 17 октомври, тие бараат поголема поддршка од владата, односно месечна финансиска помош од 100 евра за секој студент.

Студентите отворија онлајн петиција на порталот „Студентите осудуваат“ за собирање потписи и за само неколку часа ја потпишале 6 илјади студенти.

Во официјалното допис што студентите го испратиле до премиерот Рама и министерката Куши, тие бараат Владата да ги преземе неопходните чекори за создавање посебен буџет за студентите, бидејќи трошоците за живот станале прескапи. Како само еден од многуте примери ја наведуваат станарината која чини најмалку 300 евра.

Повисоки плати на протест во петокот побараа нивните професори, кои тврдат дека не добиле покачување повеќе од десет години.

Универзитетските педагози бараат владата да ги опфати со пакетот помош поради „енормно високите цени, предизвикани од кризата“ за што и дадоа рок до 5 идниот месец.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он