Албанските семејства кои ќе трошат над 700 квч месечно ќе плаќаат поскапа струја

Од:

Сите оние семејства кои трошат повеќе од 700 киловатчасови електрична енергија месечно, ќе плаќаат поскапа струја, информираше албанската министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, по денешната седница на владата.

– Се однесува на најголемите потрошувачи на киловат часови. Зборуваме за семејства, а не за малиот бизнис. Според направената студија, 700 киловат часови, се смета за нормална потрошувачка. Сè уште не е донесена одлука, но ви кажувам како бројка. Секое семејство кое ќе троши повеќе од 700 киловатчасови месечно, ќе плаќа повисока цена, изјави Балуку.

Ова следува по најавата на премиерот Еди Рама од собраниската говорница на пленарната седница одржана на 31 март.

Новинарите ја потсетија министерката дека Рама изјавил дека се прави студија со која ќе се разгледа можноста „богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија“.

-Премиерот не рече богати и сиромашни, не можеме така да ги делиме. Немаме намера така да ги класифицираме. Изјавата на премиерот се однесува на луѓе кои трошат повеќе енергија, рече таа.

Балуку исто така информираше дека владата донела одлука со која се укинува употребата на хартиените билети во меѓуградскиот и градскиот сообраќај и ќе ги замени со електронски.

Додаде дека издавањето на билетите сега ќе се врши преку фискализирани електронски системи за е-транспорт.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија