Албанските регрути во грчката војска добија затворски казни

Од:

Седуммината грчки воени регрути од албанска националност, кои се фотографираа како со рацете прават орел, добија казна затвор во траење од по 60 дена, јави тиранската телевизија Топ чанел.

Истиот извор наведува дека по 50 дена затвор тие добиле од началникот на Генералштабот на грчката Армија, додека другите десет дена им ги изрекол министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, што претставува максимална дисциплинска казна во грчките Вооружени сили.

Како што јуави дописникот на МИА, казната доаѓа во време кога Военото обвинителство во Јанина ја продолжува истрагата околу ова прашање кое предизвика лавина рекации во Грција.

Седуммината регрути кои се фотографирани за време на воена вежба во базата во Месолоѓи, се товарат за кршење на правилата во армијата, за што е предвидена казна до пет години затвор.

Фотографијата, според албанските медиуми, тие ја направиле за време на одмор за да ја потврдат нивната национална припадност и оти нема никва позадина за некаква Голема Албанија, како што тврдат медиумите во Грција.

Генералштабот на грчката Армија потврди дека војниците, кои се со албанско потекло, но имаат и грчко државјанство, требало да положат заклетва на 2 февруари.

Инаку, деновиве албанските медиуми пренесоа дека од вкупно 86 илјади војници во Армијата на Грција, дури околу 12 илјади се од албанска националност.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент