Албанските емигранти испраќаат се помалку пари

Од:

Депозитите на албанските емигранти во првото тромесечие од годинава изнесуваат 116 милиони евра, што е за 4,1 отсто помалку споредено со истиот период лани.

Според Централна банка на Албанија падот на депозитите на емигрантите е тенденција која почна во последните неколку години, но лани забележа најголем пад во последните десет години.

Еконосмката криза во соседните земји, каде што има и најмногу албански емигранти, Грција и Италија, од година во година го намалува овој многу значаен извор на средства за албанската економија.

Депозиите на емигрантите се основно средства за егзистениција на многу семејства кои воопшто немаат или имаат мали приходи, затоа падот на депозитите не само што негативно влијаат врз потрошивачката , туку е закана и за зголемување на сиромаштија.

Имајќи во предвид дека албанската економија во најголем дел е потрошувачка економија, која претсатвува 90 отсто од БДП, депозитите имаат голема тежина во растот.

– Падот на депозитите претставува аларм штo предупредува дека Албанија треба да премземе конкретни чекори кон економски модел кој многу повеќе ќе се поткрепува врз домашното производство, сметаат економистите.

Од кризата помалку погодени се директните странски инвестиции, кои во првите три месци од годинава достигнале 227 милиони евра и се повисоки за 16 отсто споредено со истиот период лани. Лани во Албанија биле инвестирани 923 милиони странски капитал или за 38 отсто повеќе од претходната, 2012 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“