Албанските демократите го означија почетокот на изборната кампања

Од:

Со голем изборен митинг на опозициските демократи одржан во Тирана синоќа и официјално почна изборната кампања за локалните избори во Албанија закажани за 21 јуни, јави дописникот на МИА.

Во Конгресната палата во Тирана демократите, кои ја предводат коалиција „Алијаса за работа и достоинство“ беа претставени кандидатите за градоначалници на 61 општина, колку што сега со новата административно териотријална поделаба има Албанија.

Лидерот на демократите и актуелен градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша побара од граѓаните на Албанија со „дадениот глас да ги запрат измамите на злото, да ја елиминираат невработеноста и сиромаштијата и да си ја вратат надежта, за да ги спасат општините“.

– На 21 јуни на Вас е редот, изборите се значајна одлука, тие се ваш избор, тие се спас. Убеден сум дека албанските граѓани се поготвени да направат паметен и праведен избор. Ајде заедно да му дадеме шанса на животот. Масовно да гласаме за кандидатите на опозицијата. Невработеноста, сиромаштијата, несигурноста,постојано незадовлство и масовниот екзодус на граѓаните не се судбина туку дамка на владеењето на злото наречено Рама-Мета, порача во обраќањето Баша.

Обраќајќи му се на кандидатот за градоначалник на Тирана, познатиот доктор Халим Косова, Баша му рече дека дека по 21 јуни работниот кабинет во Тирана ќе биде негов.

Во коалицијата на десницата се вклучени 15 политички субјекти.

Во левата коалиција „Алијанса за европска Албанија“, што ја предводат социјалистите на Еди Рама има 37 политички субјекти, меѓу нив и единствената партија на Македонците, МАЕИ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“