Албанскиот претседател го осуди нападот врз косовската полиција

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета, доцна синоќа, преку објава на Фејсбук, ги осуди „нападите врз косовската полиција во Зубин Поток“.

– Најостро ги осудувам насилните и вооружени напади врз косовските полициски претставници во Зубин Поток. Имам целосна доверба дека институциите за спроведување на законот на Република Косово наскоро ќе ги расветлат овие кукавички дела и ќе ги изведат сторителите пред лицето на правдата, напиша Мета.

Тој преку објавата упатува апел до косовските авторитети да избегнуваат провокации и влошување на состојбата.

– Апелирам да се избегнува каква било провокација и ескалација на тензиите, кои ја поткопуваат безбедноста на Косово, мирот и стабилноста во регионот, напиша Мета.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мета потврди дека опозицијата на локалните избори ќе има заеднички кандидати за градоначалници

А1он

Мета: За тензиите во Косово одговорен е Белград, но и премиерот Рама

А1он

Мета: Рама зависник на антиалбанските кругови и меѓународната мафија

Мета: Да се обединиме сите против Рама

Мета му порача на Рама дека не се плаши од приказната дека бил шпион измислена со Баша

А1он

Мета: 180 милиони евра даночно затајување, напорите за борба против организираниот криминал ќе бидат поткопани

А1он