Албанскиот парламент усвои Резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница

Од:

Албанскиот парламент на денешната седница усвои Резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница и почит кон жртвите.

На седницата, која почна со едноминутно молчење, во знак на почит кон жртвите, присуствуваа и претставници на амбасадата на Босна и Херцеговина во Тирана.

Во докуменот се потврдува ставот на Парламентот на Албанија дека „негирањето на геноцидот, извршен врз босанското население во Сребреница од страна на силите на босанските Срби, претставува кршење на меѓународното право и го поттикнува феноменот на неказнивост на воените злосторства.

Преку видеопарка до албанскте пратенци се обрати претседателот на БиХ, Шефик Џаферовиќ, кој меѓу другото рече дека „трагедијата на Сребреница стана планетарен симбол на страдањето и криминалот во модерната ера“.

-Изгласувањето на Резолуцијата е многу важен и суштински чин за целиот Западен Балкан. Република Албанија и Босна и Херцеговина се блиски земји и исклучително пријателски една кон друга. Нашите земји придонесуваат за создавање мирна и демократска средина. Нашите народи, се тесно поврзани со историските, културните и општо човечките настани. Актот во Парламентот на Албанија го гледам како акција кон европска и демократска иднина, го заврши својот говор.

По оваа Резолуција, која ја предложија владејачките социјалисти, нивниот коорднатор најави донесување ваков документ за осуда на геноцидот во Косово.

Пред два месеца демократските пратеници на Сали Бериша, се обидоа да вметнат своја резолуција на дневен ред, но таа беше отфрлена на седница на координаторите на пратеничките групи.

Бериша потоа го обвини премиерот Еди Рама дека „ја игра играта на српскиот претседател Александар Вучиќ“ со тоа што не ја ставил неговата резолуција на дневен ред. Денеска пак, тој меѓу другото рече дека Вучиќ треба да заврши во Хаг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он