Албанскиот Парламент усвои резолуција против извештајот на Марти

Од:

По долга и жолчна расправа, преполна со меѓусебни обвинувања, за тоа кој е поголем патриот, албанскиот Парламент усвои Резолуција против извештајот на Дик Марти, што се однесува на шверц со човечки органи за време на косовската војна.

– Го повикуваме Парламентарното собрание на Советот на Европа да подготви последователен извештај, а со тоа и преразгледување на Резолуцијата 1782 (2011), со која се преоценуваат тврдењата за нелегална трговија со човечки органи во Албанија и/или Косово, во светлината на случувањата што се случија во текот на оваа деценија, фактите, доказите и ажурираните информации, како и од аспект на посветеноста, подготвеноста и целосната соработка на Албанија и Косово во служба на вистината и воспоставувањето на правдата, се наведува во документот.

Парламентот бара од албанската Вада да остане целосно посветена на помагање на правдата и утврдување на одговорноста за сите злосторства извршени во поранешна Југославија и го повторува својот повик до сите заинтересирани страни да соработуваат со Меѓународниот механизам за извршување на преостанатите функции на кривичните судови во нејзина надлежност.

Во низата обвинувања кои си ги кажаа едни на други секако посебно се обвинувањата на актуелниот премиер Еди Рама и поранешниот претседател и експремиер Сали Бериша, кој во еден момент се упати кон Рама, но беше спречен од обезбедувањето.

На барањето на опозицијата да се усвои Резолуција за осуда на српскиот геноцид во Косово, Рама одговори дека токму „вие кои се правите големи патриоти со гласањето на извештајот на Дик Марти, во Советот на Европа, во 2011 година, му забиле нож в грб на Косово“.

Освен што во континитет го нарекува „антиалбанец и српски вазал“, денеска Бериша со уште потешки обвинувања.

– Кога косовските чеда пролеваа крв, овој човек висок два метра продаваше украдени икони во Париз. Да. Да. Кога Демократската партија го објави мотото „еден народ, еден став“ и ја поддржа ОВК, ти продаваше украдени икони. Кутриот ти дури и царска круна да добиеш, ти ќе останеш обичен крадец кој животот го започна со украдени икони, рече Бериша, кому претседателката Линдита Никола уште на почетокот му го исклучи микрофонот, но Бериша потоа им дообјасни на новинарите што кажал.

Тој уште со обвинување дека „зад апсењето на Хашим Тачи стои триото Кремљ-Белград-Тирана“.

Инаку, додека зборуваше Рама во ложата на собраниската сала влезе група со деца, па тој, во знак на почит кон нив, како што рече, го прекина говорот додека не излегоа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он