Албанскиот парламент при прво читање – „за“ нацрт буџетот за 2015 година

Од:

Албанскиот парламент при првото читање гласаше „за“ буџетот за 2015 година по 12 пленарни дебати од кои отсуствуваше опозицијата.

Премиерот на Албанија Еди Рама рече за време на дебатите дека нацрт-буџетот за 2015 година е планиран за стимулирање на економски раст без преземање строги мерки за штедење.

Приходите во буџетот се зголемени за околу 49 милијарди леки наспроти 16 милијарди леки во претходната година (едно евро-139 леки). Во нацрт буџетот е наведен и економски раст од три отсто во следната година.

Буџетот за 2015 година се оценува како структурно реформски, како нов модел за развој на Албанија фокусиран врз некои сектори како регионален развој, административни реформи, енергетика, земјоделие и иновации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја