Албанската влада утврди текст на два договора од „Отворен Балкан“ поврзани со пазарот на труд

Од:

Пред седмиот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“, што во Тирана ќе се одржи на 20. и 21 декември, Владата на премиерот Еди Рама го одобри текстот на два договора кои се однесуваат на иницијативата „Отворен Балкан“, а се поврзани со пристап на пазарот на трудот во трите земји: Северна Македонија, Албанија и Србија.

Станува збор за договорот околу условите за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан.

-Тој има за цел да им овозможи на граѓаните на Албанија, Северна Македонија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на овие земји преку креирање електронска идентификација „Отворен Балкан“ и остварување на можноста за пристап до пазарот на труд во трите земји“, соопштија од Владата.

Другиот текст кој е утврден е за Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, кој, кога ќе биде ратификуван од трите земји, на граѓаните ќе им овозможи слободно да се движат и да работат во секоја од нив.

-Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан е резултат на иницијативата „Отворен Балкан“ за поедноставување на процедурите за еднаков пристап до пазарот на трудот во регионот по примерот на ЕУ, со што се прави чекор повеќе кон прифаќање на вредностите и практиките во Европската унија, додаваат од Владата.

Моментно меѓу Албанија и Косово е во сила Договорот за пристап до слободниот пазар на трудот, а сега се проширува со Северна Македонија и Србија.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

A1on

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

БЕСА бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“