Албанската влада ја усвои новата реорганизација на судството и покрај противењето на адвокатската комора

Од:

Албанската влада и покрај противењето на адвокатската комора, денеска ја усвои новата реорганизација на судството, со која се намалува бројот на судовите во земјата.

Сега, според министерот за правда Улси Мања, наместо 22 ќе има 13 првостепени судови, од шест апелациски судови ќе функционира само еден, додека од шест ќе има само два управни суда.

-Одобрувањето на новата судска мапа е важен чекор во спроведувањето на реформите во правосудството. Таа е заеднички предлог на Високиот судски совет и Министерството за правда. Тоа е производ на група експерти од Високиот судски совет, помогнати од експерти од Советот на Европа, но и од други меѓународни експерти, рече Мања.

Според министерот, новата судска мапа ќе го стандардизира просечното време на доставување на одлуката, ќе направи правична распределба на судиите, ќе ги намали трошоците за обезбедување правда.

Во Албанија има над две илјади адвокати, кои во знак на незадоволство од новата реорганизација, повеќе од еден месец штрајкуваат и во просек неделно бојкотираат по 500 судски предмети а на 14 месецов протестираа пред Високиот судски совет.

Тие сметат дека трошоците и малтетирањата на граѓаните, на овој начин, многу ќе се зголемат бидејќи адвокатите и нивните клиенти во некои ситуации ќе мора да одат во други градови на судења или во главниот град Тирана на Апелациски суд.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он