Албанската полиција заплени над половина тон марихуана

Од:

Во синоќешната акција „Викенд“ полицијата од приморскиот град Валона спречи шврец на половина тон марихуана, произведена во селото Лазарат а чија крајна дестинација бил италијанскиот нарко пазар, јави дописникот на МИА од Тирана.

Дрогата била запленета на патниот правец Куч-Валона, а била транспортирана со две возила. Според полицијата уапсени се три лица, албански државјани.

Во шверцот на албанската марихуана, освен албанските се почесто се јавуваат и грчки државјани, што го потврдува и апсењето на двјаца Грци на граничниот премин Какавија при обид од Албанија на грчка територија да пренесат околу 64 килограми марихуана.

Уапсени се грчките државјани Анастасиа Вогиатзи и Панајотис Маркополос, кои дрогата ја транспортирале со автомбил марка „опел“.

Во меѓувреме во земјата продолжуваат меѓусебните обвинувања на власта и опозицијата кој е поголемиот виновник за масовниот шверц на марихуана, кој  со несмален интензитет продолжува главно кон Италија и Грција, а во помали количини и кон Македонија, Косово и Црна Гора.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“