Албанската полиција уапси шестмина мафијаши во Лазарат, еден специјалец е ранет

Од:

Во судирите меѓу полицијата и одгледувачите на канабис во албанското место Лазарат уапсени се шестмина напаѓачи на полицијата, а еден припадник на единицата за брзи интервенции е ранет, јавија албанските медиуми.

Полицијата ја продолжува акцијата во Лазарат, која ја почна во неделата вечерта.

Полициски извори изјавија дека рано изутрината од селото Дервицан кај Ѓирокастро во правец на селото Лазарат, во кое состојбата и натаму е тензична, се упатиле пет блиндирани возила.

Вкупно 800 полицајци од Тирана, Ѓирокастро, Фјер, и Скадар, како и припадници на РЕНЕА, Делта одредот и специјалци напредуваат од куќа до куќа и ја преземаат контролата врз ситуацијата, а пукотниците не престануваат ниту денеска.

Во соопштението на албанската полиција се вели дека специјалните сили се дочекани со напади од тешко оружје, противтенковски ракети, митралези и минофрлачи.

Министерот за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири изјави дека полицијата и објавила војна на мафијата и криминалот и оти кога е во прашање Лазарат, нема откажување. Тој бараше од населението на ова село да се дистанцира од криминалците, а од напаѓачите да го отфрлат оружјети и да се предадат.

Албанското село Лазарат го носи епитетот „фабрика за марихуана“ со годишно производство од околу 900 тони канабис и годишен извоз на дрогата со пазарна вредност од 4,5 милијарди евра, што е половина од Бруто домашниот производ на оваа балканска земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“