Албанската опозиција се врати во Парламентот

Од:

По шестмесечен бојкот, албанската опозиција денеска се врати во собраниската сала, откако синоќа пред полноќ заедно со владеачкото мнозинство ја потпишаа Резолуцијата предложена од европарламентарците Едуард Кукан и Кнут Фленкештеин.

Како што јави дописникот на МИА, прва точка на собранискиот дневен ред беше токму Резолуцијата која беше усвоена со 126 гласови „за“, а против и воздржани немаше.

Во документот се содржани неколку точки, меѓу кои најзначајна е онаа каде стои дека „двете страни се обврзуваат заедно да работат на консензуален начин со помош на ЕУ околу прашања за лица со криминално досие кои се или сакаат да бидат избрани или номинирани за јавни функции“ или како што опозицијата го нарекува декриминализација на Парламентот.

Координаторот на пратеничката група на опозициските демократи, Еди Палока, од собраниската говорница оцени дека постигнатиот договор е во интерес на сите страни и претставува „добра можност албанската политика да се спаси од тонење во реката на криминал и корупција“.

Тој додаде дека пратениците од опозицијата се враќаат во Парламентот со кренати глави и со желба законодавниот дом да го врати имиџот на храм на демократијата и на заштита на човековите права и слободи.

Пратениците од опозицијата доколку не присуствуваа на денешната последна седница за годинава, ќе ги загубеа пратеничките мандати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“