Албанија: За крвна одмзада убиени 5.700 лица за 20 години

Од:

Во последните 20 години во Албанија во име на Канунот убиени се околу 5.700 лица за крвна одмазда.

Овие официјални податоци се изнесени,  според албанските медиуми,  на средбата под наслов „Крвната одмазда се уште е отворена рана“ во присуство на невладини организации, ОБСЕ, претставници на Католичката црква и локалните власти, што во понеделникот попладне се одржа во Скадар.

Оваа средба која се одржа  по донесената одлука на Католичката црква за откажување на верниците кои убиваат поради крвна одмазда, организирана е со цел да се посочи уште еднаш опасноста од примената на крвната одмазда во Албанија која особено е присутна во северниот дел на земјата каде дел од населението се уште го применува Канунот.

Побарано е државата да превземе поголеми мерки за да се спречи оваа појава.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици