Албанија: Три деца не го напуштаат домот заради страв од крвна одмазда

Од:

Три албански деца,на возраст од 12, девет и седум години,никогаш досега не излегле надвор од домот во кој живеат,бидејќи се стравува дека може да бидат жртва на „крвната одмазда“ упатена до нивното семејство.

Браќата Зеф,Мерсел и Мерсела неемаат вистинско детство,ги немаат почувствуваани радостите на училишните денови,затоа што тие не одат на училиште,немаат другарчиња,нив никој не ги посетува,а неможе ниту да играат во дворот,околу семејната куќа. Децата се постојано заклучени во родната куќа,што се наоѓа во село, одалечено стотина километри од Тирана.

Лондонски „Дејли Меил, кој на овој случај му посветува голем простор на своите страници,објаснува дека родителите на овие три деца се во „крвава“ кавга со друго семејство,па тие стравуваат дека нивните синови може да бидат убиени,за да се израмнат сметките.

Според весникот,овие три деца се меѓу 900 други во Албанија,врз кои стои заканата да станат жртва на крвната одмазда.Вакво „израмнување“ на сметките меѓу скараните семејства во оваа земја,се забележуваат како кај муслиманските,така и кај христијанските Албанци.

Убивања, познати како „крв,за крв“,според лондонскиот весник,се стара традиција на Балканот и наликуваат на италијанската „крвава одмазда“,позната како вендета.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он