Албанија: Се самозапали политички затвореник

Од:

Герг Ндреца, поранешниот политички затвореник денеска се самозапали, по што е веднаш хоспитализиран. 53-годишниот Ндреца се самозапалил за да побара побрзо исплаќање на отштетата за жртвите на поранешниот комунизам.

Во моментов нема информација колку се тешки изгорениците на Ндреца и каква е неговата здравствена состојба.

Овој политичар е еден од поранешните политички затвореници кои прогласија штрајк со глад на улица во центарот на Тирана, барајќи државата да ги исполни своите ветувања кон жртвите на поранешниот комунистички систем.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он