Албанија: Полицајци нападнати со гранати, поради марихуана

Од:

Албански полицајци вчера во тек на рација во селото Лазарет, кое се наоѓа на околу 230 километри од Тирана, се судриле со лица осомничени за производство на марихуана.

Повеќе стотици полицајци со блиндирани возила влегле во селото Лазарат, откако осомничените ги нападнале нивните колеги со гранати и оружје.

Според соопштението од полицијата во тек на судирите во селото, кое што важи за најголем центар за производство на марихуана, нема повредени.

Полицијата успеала да преземе контрола, по судирот со околу 30 вооружени лица, кои по инцидентот успеале да побегнат во планината која се наоѓа во непосредна близина.

Министерот за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири ги повика напаѓачите да се предадат.

Се претпоставува дека во Лазарат годишно се произведуваат до 900 тони канабис, во вредност од 4,5 милијарди евра.

Изминатите неколку недели албанските власти започнаа акција на ниво на целата држава за искоренување на производството на канабис на плантажите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“